И покрај тоа што до крајот на сезоната Манчестер Сити е во “игра“ за двете титули, во ПЛ и во ЛШ, сепак јасно е дека нешто не е баш идеално. Освен феноменалниот Ерлимг Халанд, сите останати се далеку од совршената форма, она што го бара Пеп Гвардиола.
И ако е така, а така е, тогаш јасно е дека Пеп мора да комбинира со составот, а тоа најмногу ги погоди Бернардо Силва, Жоао Кансело, Илкај Гундоган, Емерик Лапорт и Кајл Вокер.
Па затоа сите овие ѕвезди на шампионот на Англија посакуваат да си заминат од „Етихад“ незадоволни од минутажата што ја имаат во последно време.