„Експлозија“ на Сара Ристовска, „седум од седум“ во победата на ЦСКА

118

Македонската репрезентативка, Сара Ристовска продолжува со блескавите партии оваа сезона во рускиот шампионат. Нејзината ЦСКА Москва дојде до нова убедлива победа, овој пат против Динамо Синара од 32-25, а нашата ракометарка беше прв стрелец.

Ристовска зад своето име запиша седум гола од исто толку обиди. Едноставно беше незаприлива, два ги постигна од седум метри.

За ЦСКА ова беше 24 победа во исто толку одиграни натпревари и натаму е убедлива на врвот на табелата во рускиот шампионат.

ПретходноНа Војдан му пукна филмот му се пушти на судијата (ВИДЕО)
СледноСоколески со порака од Плоцк: Знаеме и можеме многу подобро! Поддршката ни значи, критиката не МОТИВИРА!