Голманот на Њукасл и англиски репрезентативец Ник Поуп ја продолжи својата нереална серија на натпревари без примен гол. Синоќа на првиот полуфинален меч од Лига Купот на Англија против Саутемптон тој нанижа десет меча на кои остана со „празна мрежа“. Тоа практично значи дека Поуп е несовладан 901 минута активна игра или повеќе од 15 часа.
Иако во денешниот фудбал тоа изгледа невозможно, но голманот на Њукасл последниот гол го прими на 6 ноември, на натпреварот токму против Саутемптон (4:1).
Во меѓувреме, Њукасл прими два гола во ФА Купот против Шефилд Венсдеј, но тренерот Еди Хау тогаш реши да го одмори Поуп, па на голот беше Мартин Дубравка.
Во меѓувреме, неговиот соиграч Бруно Гимараеш тврди дека во моментов нема подобар голман на светот од Поуп.