Илиевски: Момците успеаја енергијата да ја претворат во колектив!

129

Кошаркарите на Пелистер сосема заслужено се радуваа на петтата победа во АБА2-лига. Пред малку момците на Марјан Илиевски го совладаа Спарс со 71-99. Овој дуел го решија во втората четвртина во која го подигнаа нивото, па стратегот на македонскиот вицепрвак, Марјан Илиевски има право да биде задоволен од играта.

Летаргично го отворивме мечот, тоа е фактор кој не загрижуваше, после 17 часа пристигнвме во Бања Лука, немавме време за одмор. Сето тоа го издржавме како првичен удар од Спарс, го подигнавме победничкото ниво, енергијата се врати во тимот. После долгото патување момците успеаја да ја стават енергијата во колектив која ни донесе победа“, изјави Илиевски по триумфот.

Следниот дуел Пелистер го игра за два дена против Сутјеска.

ПретходноПелистер убедлив на стартот во Бања Лука
СледноЛазаров и на последната средба на СП без Гоце Георгиевски!