Навивачите на ЦСКА Софија барале од водечките фактори во клубот да ја откажат пријателската средба со нашиот прволигаш Македонија ЃП.
Според договорот на двата клуба, тест-дуелот треба да се одигра на 29 јануари, но бугарските навивачи инситираат да се откажат сите дуели со македонските клубови.
Македонија ЃП и ЦСКА Софија летово ги одмерија силите и во квалификациите за Конференциската лига.