И Торино се распрашува за Енис Барди

224

Во Турција се се погласни шпекулациите за заминување на Енис Барди од екипата на Трабзонспор. Според денешните пишувања на тамошните медиуми, и италијанскиот калчолигаш Торино влегува во трката за потписот на Барди.

Трабзонспор очекува дополнително да генерира екстра приход оваа зима од продажба на фудбалери, па затоа до крајот на зимскиот преоден рок сака да продаде уште двајца играчи, меѓу кои еден е нашиот репрезентативец.

Мајорка е еден од овие тимовите кои досега се најспоменувани како кандидат за потписот на Барди, вчера се зборуваше и за француска Ница, Рајо Ваљекано и Кадиз, а денеска Торино побарал разговори околу можниот трансфер на нашиот играч. Турскиот клуб инсистира на сума од 3 милиони евра за да му дозволи на Барди да потпише со друг клуб.

ПретходноПочнува битката за медали на СП: Египет им пркоси на европските гиганти
СледноПоследен меч на СП: Македонија против Ј.Кореја за 27. место!