Македонската ракометна репрезентација вечерва (18 часот) го игра последниот натпревар на Светското првенство. Противник на избраниците на Кирил Лазаров е селекцијата на Јужна Кореја, победа ќе значи освојување на 27 место на овој шампионат.
И на оваа средба во составот ќе го нема Гоце Георгиевски. Предводникот на нашиот национален тим одлучи да настапи со истите играчи како и против Мароко.