Малдини: Сè уште сме втори така што не е крај на светот

96

Техничкиот директор на Милан, Паоло Малдини по тешкиот пораз синоќа од 4:0 против Лацио на гостински терен, призна дека тимот не е во најдобра форма, но е категоричен дека ситуацијата не е толку очајна.

„Заслужено загубивме, поразени сме и во Суперкупот, примивме 11 гола на 3 натпревари. Во исто време, ние сме сами на второто место, така што мислам дека не е голема катастрофа. Ние сме и во осминафиналето во Лигата на Шампионите.Но, мораме повторно да дојдеме до мир во тимот. Доминиравме на натпреварот со Рома и не заслуживме да извлечеме само реми. На другите натпревари не одигравме добро и јасно е дека сме во тежок момент. Во однос на техниката, тактиката и пред се менталното ниво, ова не е нашиот најдобар период – изјави Малдини па додаде.

„Дали сè уште имаме верба во Пиоли? Се надевав дека нема да го добијам ова прашање, но ќе одговорам да, поради тоа што го кажав. Ние сме втори и да потсетиме дека 2 години пред седумгодишно отсуство обезбедивме учество во ЛШ. Минатата сезона сосема заслужено го освоивме Скудетото и сега сме втори во првенството. Со сета почит кон критиката, која е заслужена, би ги погледнал фактите. Овој пад ќе го надминеме на вообичаен начин, со работа и извлекување поуки. Верувам дека фактите можат да ни помогнат да ја разбереме моменталната ситуација. Тимот не игра добро во моментов и не е одличен психички и физички, но сепак е таму“ – рече Малдини.

ПретходноНе запира: Шифрин на две победи до апсолутниот рекорд на Стенмарк!
СледноПолувреме во Плоцк: Македонија на плус еден против Ј.Кореја!