Некогашниот судија Марк Клатенбург, еден од најдобрите во светот во Премиерлигата, мораше да си замине од Египет и тоа од безбедносни причини. Англичанецот, кој во минатото има судено финале на ЛШ и финалето на ЕП 2016 година, во изминатите шест месеци ја извршуваше функцијата шеф а судиите во Египет.
Неговата работа не му се допаднала на клубот Замалек, еден од најголемите во Египет, па деновиве имаше вистинска хајка врз него. Беше посочен дека е и геј, имено челните луѓе на Замалек во неколку наврати истакнуваа дека по разводот со неговата сопруга, Клатенбург влегол во хомосексуална врска.
Фановите на Замалек по се ова му се заканувале на шефот на судиите, а Фудбалскиот сојуз на Египет, го потврдил неговото заминување.