Манчестер Јунајтед речиси да се пласира во финалето во Лига Купот, откако вечерва со 0:3 успеа да го победи домашниот тим на Нотингем Форест во првиот меч од полуфиналето.
Јунајтед ја потврди добрата форма, но сепак белег на мечот беше мајсторијата на Маркус Рашфорд во таа 6.минута, кога прво ја прими топката на својата половија, тргна сам и му донесе водство на својот тим.
Во 45.минута новакот во тимот на Јунајтед Вегхорст постигна гол за 0:2. И тоа не беше се од головите, во 89.минута Бруно Фернандеш ги постави конечните 0:3 за Јунајтед.