Микаела Шифрин нема намера да запре со своите победи во СП скијачки куп. Американката денеска победи во велеслаломската трка во Кронплац (Италија) и со тоа дојде на само две победи до апсолутниот рекорд на Ингемар Стенмарк. Да потсетиме дека легендарниот Швеѓанец својата кариера ред 35 години ја заврши со 86 победи во светскиот куп, додека со денешната победа Шифрин сега има 84.
Значи јасно е дека уште оваа сезона Микаеле Шифрин ќе го надмине и рекордот на Стенмарк.