Николов си оди од Стеауа, кариерата ќе ја продолжи во Шпанија !?

1946

Бобан Николов, барем според медиумите во Романија, е на излезна врата од Стеауа, поточно од ФЦСБ како што по ново се вика најголемиот романски клуб.

Македонскиот репрезентативец, кој во тимот од Букурешт е само неколку месеци, не бил задоволен од минутажата која ја има во тимот па затоа побарал да си оди.

Инаку се шпекулира дека Николов веќе има неколку понуди, но најблиску бил од потпис со клуб од Шпанија.

Македонецот во Стеауа дојде од Шериф Тираспол а претходно играше во Лече, потоа во МОЛ Фехервар, Вардар, Виторул…

ПретходноЏентлмен: Новак и подари цвеќе на убавата Барбара! (ВИДЕО)
СледноРекордот на Кирил Лазаров и на ова Светско првенство ќе остане недопрен!