Новак Ѓоковиќ по десетти пат во својата богата кариера обезбеди полуфинале на Австралија Опен.
Суверено и во фантастична форма, Ѓоковиќ со 3:0 во сетови го совлада Андреј Рубљев. Русинот не можеше во ниту еден момент да пружи посериозен отпор, па ги загуби сетовите со 6:1, 6:2 и 6:4.
Неговиот противник во следната фаза ќе биде Томи Пол од САД.