Пелистер убедлив на стартот во Бања Лука

109

Пелистер со победа го отвори „балонот“ во Бања Лука, откако го совладаа Спарс Илиџа со 71-99. Избраниците на Марјан Илиевски по двата порази во низа, дојдоа до петтиот триумф во АБА2-лига и се најдоа на делба на шестото место на табелата.

Карпентер со 23 поени беше прв стрелец, зад него беше Караџовски со 22 поени и 9 асистенции. Карутерс реализираше 19 поени, додека Хаџифејзовиќ запиша 16 поени, Маслинко застана на 12 поени.

Оваа средба битолчани ја решија во втората четвртина во која беа подобри со 10-28. Претходно, во првиот дел, Спарс беше рамноправен противник, по водството од 0-5 за македонскиот вицепрвак, врати на соодветен начин, па поведе со 24-18 и 28-23.

Кошаркарите на Пелистер најдоа начин да го урнат отпорот на противникот, со серија од 2-12 дојдоа на плу осум 34-42, нешто подоцна беше 36-50. Избраниците на Марјан Илиевски не му дозволија на противникот да се врати, предводени од одличниот Караџовски сигурно чекореа кон победата.

Интересно е што до стартот на последната четвртина, петмина играчи беа двоцифрени и лидери во Пелистер, Караџовски, Карпентер, Маслинко, Хаџифејзовиќ и Карутерс.

Во следното коло, битолскиот тим ќе игра против Сутјеска, мечот е закажан за 27 овој месец.

ПретходноРекордот на Кирил Лазаров и на ова Светско првенство ќе остане недопрен!
СледноИлиевски: Момците успеаја енергијата да ја претворат во колектив!