Денеска во Стокхолм и Гдањск почнува финалната разврска на Светското ракометно првенство со одигрувањето на четвртфиналните натпревари. Седум европски и една африканска репрезентација влегуваат во битката за медалите.
Ко-домаќинот Шведска останува еден од главните фаворити за титулата. Тие како домаќини вечерва ќе имаат тежок предизвик во „Теле2 арената“ во Стокхолм на меч со незгодниот Египет, тим кој има пет победи и само еден пораз во досегашниот дел на Мундијалот, оној против Данска во последната рунда по кој кој завршија на второто место во групата „IV“ од главната рунда. Актуелниот шампион Данска има серија од 25 натпревари без пораз во натпреварувањето и ќе биде голем фаворит денеска против Унгарија, репрезентација која им го нанесе последниот пораз на светските првенства и тоа во осминафиналето во Франција 2017 година.
Во Гдањск, Франција ќе се соочи со Германија во најважниот момент од четвртфиналето, додека Шпанија ќе се сретне со Норвешка во судир на титаните, односно битка меѓу две од најдобрите европски селекции во последната деценија.
ЧЕТВРФИНАЛЕ:
18.00 Данска – Унгарија
18.00 Норвешка – Шпанија
20.30 Франција – Германија
20.30 Шведска – Египет