Сари: Ние си направивме услуга, а не на Наполи

426

Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, не го крие задоволството од убедливата победа над Милан синоќа од 4:0 на домашен терен. „Бјанкочелестите“ доминираа во текот на целиот натпревар, и покрај отсуството на нивниот најдобар стрелец Чиро Имобиле, и сега се третопласирани во Серија А со еднаков број бодови со Интер и Рома.

„Првата работа што помислив по последниот судиски свиреж беше дека ни претстои тежок натпревар со Фиорентина. Пред само неколку дена бевме најавени како речиси најслабиот тим во Италија , а денес веќе сме најдобри. Сега најважно е да се погрижиме момчињата да не добијат вртоглавица, туку да останат цврсто на земја.“, рече Сари па додаде.

„Можеме само да сонуваме за Скудетото. Сакам да се фокусираме на следниот натпревар. Не треба да правиме долгорочни планови“, нагласи тренерот на „орлите“.

„Имавме идеја Фелипе Андерсон да го искористи слободниот простор на противничката половина и успеа во тоа. Во првото полувреме создадовме неколку шанси по контра напади. Се надеваме дека Чиро ќе биде подготвен наскоро, но денес ќе ги видиме резултатите од тестовите. Можеби ќе им дадеме малку одмор на оние кои играат постојано. Навикнат сум на густиот календар, но не ми се допаѓа, бидејќи ми го одзема најголемото задоволство, тренинзите во текот на неделата. И во Англија имав сезона со 65 официјални натпревари, така што тоа е тоа“, коментира Сари.

„Можеби ова е нашиот најсилен натпревар откако сум тренер на Лацио . Во последно време фудбалерите играат со ,многу пожртвуваност, и тоа навистина ме изненадува. Ако престанеме да губиме бодови на наивен начин против послабите тимови, ќе бидеме супер. Ќе повторам дека има тимови со поголем буџет и поголема класа од нас, но ќе продолжиме да размислуваме само за следниот натпревар и на крајот од сезоната ќе видиме каде ќе завршиме“, коментира искусниот стратег.

 

ПретходноТен Хаг: Рашфорд ни е потребен, а тој знае дека местото му е на Олд Трафорд
СледноКалин добро стартуваше на турнирот во Тунис