Македонија вечерва и официјално заврши со настапот на Светското првенство кое се одржува во Полска и Шведска. Нашите ракометари одиграа седум меча, запишаа три победи и четири порази, Мундијалот го завршија на 27. место во конкуренција на 32 земји.
На овој шампионат тргнавме во поинаков состав, оние кои ги носеа на грб останатите се пензионираа, па процесот на подмладување не беше сфатен во вистинска смисла на зборот, дел бараа медали, дел испратија бројни навредливи критики кон играчите и кон стручниот штаб. Овие мундијалски денови беа едни од најпеколните.
По триумфот над Јужна Кореја на својот „Фејсбук“ профил се огласи Ице Соколески, тренерот на голманите во репрезентацијата. Испрати убава порака за сите 36 денови минати за време на подготовките, но и на Мундијалот.