Струга ТЛ поразена на првата контрола во Анталија!

365

Попладнево во Анталија, на својот прв пријателски меч, есенскиот шампион на ПМФЛ, тимот на Струга Трим Лум беше поразен од Локомотив Ташкент со 1:2. Тим од Узбекистан, за кој настапува и нашиот интернационалец Бојан Најденов.

Голот за нашиот тим бил дело на Фљамур Таири од пенал.

Да споменеме дека експедицијата на Струга ТЛ вчера пристигна во својата база во Анталија, а покрај овој дуел со тимот од Узбекистан, стружани ќе одиграат и со Кривбас, Вејле (Данска) и Петрокуб (Молдавија).

ПретходноРаботнички стартуваше со победа зимава
СледноЏентлмен: Новак и подари цвеќе на убавата Барбара! (ВИДЕО)