Покрај останатите одлуки, УЕФА денеска реши да воведе мали промени во форматот и во Лигата на Нации.
Имено пред да се игра Ф4, ќе се игра 1/4 финале. Имено победниците и второпласираните селекции од групите во Лига А, ќе играат меѓусебе по два меча и победниците ќе се пласираат во Ф4.
Има промени и во пониските лиги во Лигата на Нации.
Имено третопласираните од Лигата -А ќе играат против второпласираните во Лигата -Б, третопласираните од Лига Б против второпласираните од Лигата Ц. Победниците одат во ранг погоре.
Останува победниците од Лигите Б, Ц и Д да напредуваат, а последнопласираните во А, Б и Ц да одат ранг подолу.