УЕФА го менува системот на квалификации: Сега уште потешко на патот до Мундијалите!

380

Поради зголемувањето на бројот на учесници на следното Светско првенство во 2026 година, кога на Мундијалите во САД, Канада и Мексико ќе учествуваат рекордни 48 репрезентации, се подготвува голема промена во актуелниот модел на квалификации во пресрет на новата рунда за СП 2026.

Според мадридскиот „Ас“, квалификациите дополнително ќе бидат „скратени“ бидејќи Европа наместо досегашните 13 ќе има 16 претставници, што значи дека не е потребно да се играат осум до десет натпревари во квалификациите.

Звучи малку необично, бидејќи знаеме дека УЕФА сака да го пополнува календарот до последно место поради ТВ правата, но овој пат ќе мора да го намалат бројот натпревари.

Планот на УЕФА предвидува во иднина да има 12 групи во квалификациите за Светското првенство и со тоа секоја од нив би имала по четири или пет селекции, кои би одиграле шест или осум натпревари во целиот квалификациски циклус. Под претпоставка дека директен пласман на СП ќе обезбедат само победниците од групите, останатите четири места би се „пополнувале“ низ плеј-оф. Некои предвидувања велат дека тука Лигата на нациите повторно би можела да влезе во игра, но засега нема конкретен план.

ПретходноСмилковски: Проблемите во ростерот си го направија своето
СледноШкендија замина на подготовки во Анталија (ФОТО)