Филип Кузмановски беше тивок во групната фаза на Светското првенство. Имаше скромен учинок на дуелите против Хорвешка, Холандија и Аргентина, иако се очекуваше повеќе од него.
Се чини Прездент Купот им дојде добро на сите, па и на него. Го зголеми бројот на погодоци, стана лидер во оваа категорија, а вечерва против Јужна Кореја постигна осум гола. На крајот беше прогласен за играч на мечот. Тој е третиот ракометар кој се здоби со ова признание после Митревски и Томовски.
Македонија Мундијалот го заврши на 27. место во конкуренција на 32 земји.