Шкендија замина на подготовки во Анталија (ФОТО)

186

Шкендија денеска замина за Анталија каде во следните две недели ќе ги реализира главните подготовки пред продолжението на фудбалската сезона кај нас. Тетовци веќе имаат и закажано пријателски натпревари низ кои ќе ја темпираат формата за пролетната полуетапа.

Според планот, прв ривал ќе биде Мура од Словенија (28.01). Три дена подоцна (31.01) четата на стратегот Ќатим Османи ќе ги одмери силите против ЦСКА 1948 Софија, тим од Бугарија.

На 6 февруари Шкендија ќе се сретне со гигантот Динамо Киев од Украина, а на 9 февруари ривал ќе биде добро познатата Валмиера (Летонија), тим кој што изминатото лето во 2. квалификациско коло во ЛК беше совладан со вкупни 5:2.

ПретходноУЕФА го менува системот на квалификации: Сега уште потешко на патот до Мундијалите!
СледноТурска Адана Демирспор испратила понуда за Аријан Адеми