Последен меч на СП: Македонија против Ј.Кореја за 27. место!

219

Последен ден на Светското првенство за македонската ракометна репрезентација. Избраниците на Кирил Лазаров ќе се борат за 27. место на Мундијалот, за противник ја имаат селекцијата на Јужна Кореја, мечот е закажан во 18 часот.

Откако Македонија во групната фаза запиша три порази, натпреварувањето го продолжи во Президент Купот, каде запиша две победи (Алжир и Мароко) и еден пораз од Тунис.

На другата страна противникот беше поразен од Чиле, додека подобар од Уругвај и С.Кореја.

Ова ќе биде седми меч за ракометарите на Мундијалот, кој покажа дека без некогашните лидери на теренот во иднина ќе биде многу тешко, ќе мора многу да се работи во клубовите за да Македонија го задржи континуитетот на големите натпреварувања.

„Не очекува уште еден натпревар, за кој максимално ќе се подготвиме. Секој натпревар е важен за нас бидејќи ние сме млада репрезентација, и потребни ни се што повеќе вакви натпревари“, изјави Лазаров.

ПретходноИ Торино се распрашува за Енис Барди
СледноНовак по десетти пат во полуфиналето на Австралија Опен