Го споредуваа со Нејмар а сега сакаат да го откачат!

247

Рафиња (26) летоска на “Камп Ноу“ за 58 милиони евра дојде од Лидс. Бразилскиот напаѓач беше најавуван како големо засилување, стратегот на Барса, Чави Ернандез дури го споредуваше и со Нејмар.

Но сепак ништо од тоа. Бразилскиот репрезентативец сите ги разочара во Барселона, па сега каталонскиот гигант не бира начин како да го откачи.

На 25-мечеви, Рафиња постигна четири гола, имаше и седум асистенции, премалку за него. Секако дека сега се поретко добива шанса од Чави во стартните единаесет.

Договорот му е до 2027, но кажано му било на неговиот менаџер Деко, поранешниот репрезентативец на Португалија, дека може да бара нов клуб за неговиот пулен.

ПретходноФранкфурт со бод на гостувањето кај Фрајбург, Унион Берлин триумфално во Бремен! (ВИДЕО)
СледноМајсторија на Рашфорд, Јунајтед го победи Нотингем! (ВИДЕО)