Данците без проблем, Шпанија по 80. минути ја урна Норвешка за полуфинале!

187

Данска и Шпанија ќе играа во првото полуфинале на Светското првенство кое се одржува во Шведска и Полска. Првите лесно стигнаа до победите, додека вторите по голема драма и продолжение.

Актуелниот бранител на титула сосема очекувано без мака стигна до полуфиналето на Светското првенство. После мечот со Египет, се покажа во моќно издание и во четвртфиналето, ја совлада Унгарија со 40-23. Овој дуел го реши во првото полувреме по кое имаше позитива од девет гола 21-12.

Гидсел постигна девет гола, Питлик седум, на другата страна Бодо реализираше шест, додека Лекај пет гола.

ШПАНИЈА ПОКАЖА ДЕКА НЕМА ПОСТОИ НЕВОЗМОЖНО

Норвешка имаше шанса да дојде до победа против Шпанија во четвртфиналето на СП, но направи невиден кикс пред самиот крај, водеше со 25-24. Наместо да одат во напад, судиите им ја одземаа топката на Норвежаните, Дани Душебаев се најде на вистинското место, на само неколку секунди до крајот израмни на 25-25 за продолженија. Таму славеше Шпанија со 34-35.

Бартхолд постигна седум гола кај Норвешка, Перез и Алекс Душабаев постигнаа по седум гола.

Во дополнителните минути се играше гол за гол. Шпанија во второто продолжение по одбраната де Варгас успеа да го фати чекорот, гол предност од 32-33. Дани Душебаев, постигна важен гол, а де Варгас одбрани за голема радост во редовите на Шпанија. На овој начин „фуријата“ покажа дека не постои невозможно.

Претходно, Норвешка само во првото полувреме водеше со четири гола разлика, и тоа на двапати (6-2 и 3-7), но „фуријата“ успеа на одморот замина со негатива од еден гол 13-12. Сликата се промени во вториот дел, Шпанците не се откажаа и се изборија за продолжение.

ПретходноЕВРО останува со 24 селекции, Суперкупот место во рускиот Казањ, ќе се игра во Атина!
СледноДортмунд со гол во 90+3.минута успеа да го победи Мајнц на гости! (ВИДЕО)