МЗТ Скопје со убедлив пораз од 88-69 си оди од гостувањето кај Гостивар. Ова е втор пораз за актуелниот македонски првак оваа сезона и тоа од истиот тим. На крајот на мечот избувна Војдан Стојановски. Македонскиот репрезентативец ретко кога го гледаме во нервозно издание, сега му се пушти на едниот од судиите, па мораа да го разделат.
Овој момент можете да го видите пред крајот на мечот.