Одредени двојките за Ф4 турнирот во Лигата на нации

237

УЕФА денеска со ждрепка ги одреди двојките за т.н. Ф4 турнир од Лигата на нации. Оваа година на завршницата ќе играат репрезентациите на Хрватска, Италија, Шпанија и Холандија, а ждрепката сакаше во полуфиналната рунда на 14 јуни да се сретнат Хрватска и Холандија, додека ден подоцна ќе играат Шпанија и Италија.

Во третата сезона од Лигата на нации, Хрватска стигна до фајналфорот и е единствениот дебитант на овој завршен турнир. Ф4 турнирот ќе се организира во Холандија во Ротердам и Еншеде. Финалето и мечот за 3. место се на 18 јуни.

ПретходноНовак по десетти пат во полуфиналето на Австралија Опен
СледноТен Хаг: Рашфорд ни е потребен, а тој знае дека местото му е на Олд Трафорд