Полувреме во Плоцк: Македонија на плус еден против Ј.Кореја!

102

Македонската репрезентација очекувано од првата минута има водство против Јужна Кореја во битката за 27 место на Светското првенство. После 30 минути игра во Плоцк, нашите момци водат со 19-20, позитивата требаше да биде и поголема, но одново падовите се нашата слабост.

И на оваа средба во составот го нема Гоце Георгиевски, а на клупата останаа Манасков, Митревски, па и Пешевски.

Стрелеци: Костески 5, Стојковиќ 1, Талески 3, Кузмановски 4, Серафимов 3, Џонов 3, Петров 1. Томовски: 6 одбрани, Митревски: 1. 

По 2-2, избраниците на Кирил Лазаров со со серија од 1-4 поведоа со 3-7 во седмата минута. Шест минути подоцна Џонов во својот прв погодок зголеми на највисоки плус пет (6-11). Пет погодоци од овие 11 беа дело на Костеск и тоа без промашување. И во 18 минута беше плус пет за Македонија (8-13), овој резултат го постави Кузмановски со првиот погодок од игра, кој не реализираше за поголема позитива. На висина на задачата повторно беше Томовски.

Ниту на оваа средба не бевме перфектни, не ги користивме сите шанси за да рано му побегнеме на противникот. Брзо се идигнавме после тајм-аутот на Лазаров, со головите на Џонов и Кузмановски, Македонија поведе со 11-17 во 23 минута.

Во последните пет минути, несфатлив пад во играта. На другата страна Ј.Кореја ја искористи предноста од играч повеќе, но и падот во нападот, со серија од 6-1 се доближи на 17-18. Серафимов зголеми на 17-19. Не успеавме да сочуваме ниту плус два гола водство, на одморот е само 19-20.

ПретходноМалдини: Сè уште сме втори така што не е крај на светот
СледноНеколку играчи на Сити сакаат да си заминат, причината е Гвардиола!