Академија Пандев го „растури“ Раднички Ниш на втората контрола

739

Екипата на Академија Пандев го совлада Раднички Ниш со 4:1 на вториот контролен меч во Анталија каде што се на подготовки. Погодоците за струмичкиот тим ги постигна Акоста, Крстевски, Велиновски и Димоски.

На првиот тест меч во Турција, Академија Пандев загуби од Марица Пловдив со 0:1. Следниот меч „пандевци“ го играат со украинска Зарја на 29 јануари, а ден подоцна со Кузулжар од Казахстан.

ПретходноMeрцедес Јенц го засили Шалке 04
СледноРеал Мадрид славеше во кошаркарското „Ел Класико“