Втора младост за „Ел Пистолеро“: Суарез повторно му донесе победа на Гремио (ВИДЕО)

214

Луис Суарез дојде во Бразил како голема ѕвезда, така беше пречекан, но така и им враќа на фановите на Гремио. Иако отпишан од многумина во ецвропскиот фудбал, 36-годишниот напаѓач изгледа ја живее втората младост.

Уругваецот го постигна својот втор гол во вториот настап за Гремио во шампионатот Гаучо.

Гремио минимално славеше против Бразил де Пелотас, а голот на Суарез во 90. минута повторно го реши победникот, како што беше случајот и со натпреварот против Кашиаш.

Поранешниот играч на Барселона, Ливерпул, Ајакс и Атлетико брилјираше во противничкиот шеснаесетник и покажа зошто навивачите лудуваат по него.

ПретходноПроблеми во рајот: Пет фудбалери се свртеа против Гвардиола
СледноАл Наср му подари на Роналдо часовник со крокодилска кожа и дијаманти (ФОТО)