Денвер немоќен без Јокиќ, Лилард-шоу со 60 поени и победа над Јута

90

Кошаркарите на Милвоки го победија Денвер со 107:99, предводени од Јанис Антетокунмпо кој постигна 33 поени, од кои 15 од линијата за слободни фрлања. Тој имаше и 14 скока, четири асистенции и три украдени топки. Во победата учествуваше Џру Холидеј со 20 поени, а Пет Коннатон со 19 поени и 12 скока. Боби Портис го пропушти натпреварот поради повреда кај домашните, додека Денвер беше без српскиот центар Никола Јокиќ, кој поради проблеми со тетивата и третпат во последните четири натпревари не се појави на теренот. Во тимот на Денвер најефикасен беше Арон Гордон со 26 поени и 13 скока.

Кошаркарите на Атланта ја победија Оклахома со 137:132 и ја прекинаа серијата од два порази. Атланта ја предводеше Треј Јанг со 33 поени и 11 асистенции. Дејонте Мареј постигна 21 поен, а српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ 20 поени.

Кошаркарите на Портланд ја победија Јута со 134:124 предводени од Демијан Лилард кој постигна 60 поени, со осум асистенции и седум скока. Тој погоди девет тројки од 15 обиди, а од линијата за слободни фрлања погоди 9/10.

НБА РЕЗУЛТАТИ:

Орландо – Индијана 126:120

Филаделфија – Бруклин 137:133

Хјустон – Вашингтон 103:108

Милвоки – Денвер 107:99

Њу Орлеанс – Минесота 102:111

Оклахома – Атланта 132:137

Голден Стејт – Мемфис 122:120

Портланд – Јута 134:124

Сакраменто – Торонто 95:113

ЛА Лејкерс – Сан Антонио 113:104

ПретходноСлавниот англиски клуб гради нов стадион од 570 милиони евра, можно е да го отвори како второлигаш! (ВИДЕО)
СледноШто вели статистиката по ова Светско првенство: Погледнете кој е најдобриот стрелец и асистент!