Новак Ѓоковиќ е во налет во Мелбурн. Србинот не крие дека ја посакува својата десетта титула на АО. Утре во 9.30 часот ќе го игра своето десетто полуфинале на овој Гренслем, а ривал ќе му биде Томи Пол, тенисер од САД. Јасно е дека секој ривал треба да се почитува, но разликата во квалитет е далеку на страната на Новак.
Инаку Србинот ќе има и дополнителен мотив да го победи Американецот.
Имено Томи Пол пред неколку месеци на Лејвер Купот едноставно одби да се поздрави со Новак. Тоа убаво се гледа на видеото кога Новак тргна да се поздрави со Тијафо, Мекинро и останатите од “Тимот на светот“, Пол само се сврте.
Навистина чудно, инаку на видеото Пол е тој со капчето.
Tommy Paul intentionally avoided shaking hands with Novak after laver cup match.
CC :@DjokerNole 😜😜
Hope someone from his team shows this video too him just before the SF. pic.twitter.com/821EUKPIn3
— Mahesh S Wali (@MaheshS_Wali) January 25, 2023