За првпат македонското таеквондо ќе организира Г1 меѓународен турнир на кој ќе присуствува светската елита од овој олимписки спорт, голем број олимписки и светски медалисти од над 50 држави од цел свет.
Г1 турнирите носат бодови за остварување на олимписка норма, за првпат љубителите на овој олимписки спорт ќе можат во живо да ги следат борбите на Дејан Георгиевски, Филип Додевски кога се во прашање елитните натпревари.
На 8-ми и 9-ти Април во спортскиот центар “Јане Сандански“ секако дека ќе навиваме за нашите херои.
Носител на организацијата на овој турнир е Македонската Таекводно Федерација заедно со таеквондо клуб Бутел, со значителна помош од Македонски Олимписки Комитет, општина Аеродром и лабораторија Рамус.