Покрај специјалниот договор и големата плата, Роналдо доби и специјален рачен часовник за потписот во саудиски Ал Наср. Имено, производителот на луксузни часовници „Jacob & Co“. произведе рачен часовник специјално за португалската ѕвезда кој вреди 800.000 евра.
„Добив специјален договор, но и јас сум посебен, па тоа е нормално“, изјави Роналдо по потписот со Ал Наср кој и натаму знае да го изненади со некој луксузен подарок.
Часовникот е изработен од скапоцени камења и ремче од кожа од алигатор.