Ашковски и Ламиа во полуфиналето во Купот на Грција, Македонецот и со деби гол!

196

Македонецот Стефан Ашковски попладнево имаше забележителна улога во победата на својот тим Ламиа, во меч од 1/4 финалето во Купот на Грција.

Македонскиот репрезентативец и неговиот тим славеше со 4:2 против Аполон во реваншот, па така со оглед на победата од 2:1 и во првиот меч, успеа да се пласира во полуфиналето.

Ашковски својот добар настап го круниса и со гол и тоа во 20.минута кога успеа да го израмни резултатот на 1:1. Македонецот беше стартер и беше на терен се до 82.минута кога беше заменет, откако беше јасно дека Ламиа оди понатаму во Купот на Грција.

Да кажеме дека голот на Ашковски денеска беше негов деби гол во дресот на Ламиа откако дојде во септември минатата година.

ПретходноНекои Бугари сакаат да играат со Македонците: Берое и Спартак Варна ги потврдија пријателските со “лавовите“!
СледноМотив повеќе: Новак во 1/2 финалето ќе игра против Американецот кој не сакаше да се поздрави со него! (ВИДЕО)