Барса понуди 40 милиони евра за фудбалер на Аталанта

266

Барселона се обидува да го договори трансферот на младиот напаѓач на Аталанта, Расмус Хејлунд. 19-годишниот Данец импресионираше од почетокот на сезоната во Серија А со 15 настапи и 4 гола досега.

Барса е свесна дека клубовите од Англија исто така се заинтересирани за Данецот, па се онидува што поскоро да го договори неговото доаѓање на Камп Ноу. Каталонците се подготвени да понудат 40 милиони евра за малдиот играч.

Хејлунд е поранешен фудбалер на ФК Копенхаген и Штурм (Грац). Токму во австрискиот тим го навести својот потенцијал и минатото лето замина во Аталанта за 17 милиони евра.

ПретходноШто вели статистиката по ова Светско првенство: Погледнете кој е најдобриот стрелец и асистент!
СледноГолем пех за Швеѓаните: Останаа без капитенот во битката за медалите