Енис Барди: Ниту некој ме брка ниту сакам да си одам, јас сум среќен во Трабзон

1062

По лавината на шпекулации и вести со предзнак „Енис Барди“ во последните неколку дена како во медиумите во Турција, така и во Македнија (пренесени од првите) се создаде атмосфера дека не само што нашиот репрезентативец е на излезна врата од неговиот тим Трабзон туку дека час поскоро ќе мора да бара нов клуб. Наводно тој веќе не е пожелен таму, кажано му е да си оди и јавноста веќе лицитираше со неколку клубови во кој Барди евентуално би заминал зимава.

Спортмедиа како и во поголемиот број од случајите ја има вистинската информација од проста причина што го контактираше Енис Барди и му постави неколку конкретни прашања на темава. Дали навистина му е кажано да си оди? Дали навистина си оди, и доколку си оди која е неговата следна дестинација.

„И благодарам на Спортмедиа што конечно некој се сети и ме контактираше да ги прокоментирам лично сите овие пишувања за мене. Вие сте првите кои го правите тоа. Ќе ви дадам директен и конкретен одговор на сите овие шпекулации, може само така да ги наречам. Не, никој ниту ме брка од Трабзон, ниту сака да си заминам. Од друга страна ниту јас сакам да си заминам од тука, еве и од таа страна ќе ја завртиме приказната. Јас сум тука среќен, сакам да освојувам трофеји со овој клуб, и сакам да се докажам одново во мојата кариера. Тоа го направив во Унгарија, тоа го направив во Шпанија, и тоа истото ќе се случи и тука во Турција – ни рече Енис Барди.

Ете, и на оваа тема Спортмедиа и даде одговор на јавноста која очигледно за доброто на нашиот репрезентативен капитен и прекален интернационалец ќе застане за момент во пишувањата околу неговото заминување од Трабзон, и ќе се фокусира на неговите настапи.

 

ПретходноИОК зазеде став: Русите и Белорусите треба да учествуваат на ЛОИ Париз 2024
СледноРибакина е првата финалистка на Австралија Опен