Здравков задоволен од првата фаза на подготовките: Сега следува глазурата

342

Фудбалерите на штипска Брегалница ја завршија првата фаза од подготовките за пролетниот дел од Првата македонска фудбалска лига, па од денеска во Охрид ќе биде реализирана и централната фаза низ техничко-тактичката подготовка за продолжението од шампионатот.

Шефот на стручниот штаб Горан Здравков е задоволен од сработеното, нагласувајќи дека сега следи глазурата која треба да го даде изгледот на тимот за пролетниот дел од првенството. Низ првите два досегашни тест дуели „сините“ ремизираа без голови со Академија Пандев во Струмица и го победија Тиквеш со 1-0 во Штип.

„Задоволни сме од досега сработеното, активноста на фудбалерите низ подготовките и првично виденото на двата пријателски натпревари. Секако ова е само прва фаза од подготовките и верувам дека Брегалница ќе игра уште подобро на следните тест-дуели. Последните пет закажани пријателски натпревари ќе го дадат финалниот изглед на тимот за пролетниот дел од сезоната“, вели Здравков и дополнува:

„Најважно е што атмосферата во тимот е одлична, екипата е крајно мотивирана па низ една мирна атмосфера сигурен сум дека ќе го реализираме се она планирано за зимските подготовки“.

ПретходноАл Наср му подари на Роналдо часовник со крокодилска кожа и дијаманти (ФОТО)
СледноЛидс Ј. се договори со Мекени и испрати прва понуда до Јувентус