Мевљан Адили ќе игра за Билис Балш

271

Искусниот интернациналец Мевљан Адили својата кариера ќе ја продолжи во Албанија и станува дел од тимот на Билис Балш.

Таму од денеска пак нов тренер е искусниот Наџи Шенсои, кој на нашата јавност и е познат затоа што беше на чело на Пелистер односно Македонија ЃП, па како прва аквизиција доаѓа токму Адили.

Тој е дете на Шкупи, а потоа настапуваше и за екипите на Шкендија, Ута Арад во Романија, Жалгирис во Литванија, Влазниа во Албанија, а имаше и една кратка авантура во Русија во тимот на СКА Кабаковск.

 

ПретходноБојан Спиркоски нов играч на Пелистер
СледноПораз и од Широки: ТФТ се посрамоти во третата четвртина кога забележа само 4 поени!