Македонската ракометна репрезентација се враќа во Скопје откако вчера и официјално го заврши настапот на Светското првенство. На овој Мундијал, ракометарите го освоија 27 место, истиот беше прв во подмладен состав.
Сликата за многумина беше разочарувачка, за дел и реална, особено ако се земе во предвид дека без Лазаров, Стоилов, па и Миркуловски кој се врати да помогне, ќе биде тешко.
Еден од најискусните во нашиот табор и капитен на репрезентацијата, Никола Митревски, се огласи кратко на социјалните мрежи порачувајќи дека понекогаш победуваш, некогаш учиш, но секогаш треба да гледаш напред.
Ова Светското првенство ќе биде големо искуство за сите во тимот, со поголема храброст може многу подобро.