Мотив повеќе: Новак во 1/2 финалето ќе игра против Американецот кој не сакаше да се поздрави со него! (ВИДЕО)

7937

Новак Ѓоковиќ е во налет во Мелбурн. Србинот не крие дека ја посакува својата десетта титула на АО. Утре во 9.30 часот ќе го игра своето десетто полуфинале на овој Гренслем, а ривал ќе му биде Томи Пол, тенисер од САД. Јасно е дека секој ривал треба да се почитува, но разликата во квалитет е далеку на страната на Новак.

Инаку Србинот ќе има и дополнителен мотив да го победи Американецот.

Имено Томи Пол пред неколку месеци на Лејвер Купот едноставно одби да се поздрави со Новак. Тоа убаво се гледа на видеото кога Новак тргна да се поздрави со Тијафо, Мекинро и останатите од “Тимот на светот“, Пол само се сврте.

Навистина чудно, инаку на видеото Пол е тој со капчето.

 

ПретходноАшковски и Ламиа во полуфиналето во Купот на Грција, Македонецот и со деби гол!
СледноИ Беса вечерва летна за Анталија! (ФОТО)