Некои Бугари сакаат да играат со Македонците: Берое и Спартак Варна ги потврдија пријателските со “лавовите“!

502

За разлика од ЦСКА Софија, чии навивачи просто ги натераа челниците на клубот да ја откажат контролата во Анталија против Македонија ЃП, има бугарски клубови кои сакаат да играат против нашите клубови.

Познато е дека такви проблеми имаше и Скопје за дуелот со Пирин, но денеска од страна на Берое и Спартак Варна потврдено е дека закажаните мечеви во Анталија против “лавовите“ и тоа како ќе се играат.

Тимот од Ѓорче утре во Анталија се среќава со Берое, а на 2 февруари со Спартак Варна.

ПретходноСтруга ТЛ си закажа пријателска и со Хелсингор!
СледноАшковски и Ламиа во полуфиналето во Купот на Грција, Македонецот и со деби гол!