Пораз и од Широки: ТФТ се посрамоти во третата четвртина кога забележа само 4 поени!

137

Порази се редат. ТФТ и во вториот меч од “балонот“ во Бања Лука во АБА 2 е поразен и тоа од Широки со 81:58 (18:15, 19:26, 22:4, 22:13).

Уште една слаба партија за тимот од Тафталиџе, посебно во третата четвртина кога успеа да забележи само 4 поени, навистина срамна четвртина.

Вкупно ова е седмиот пораз на ТФТ на деветте одиграни мечеви сезонава.

Инаку ТФТ мечот го почна добро, веднаш дојде до 2:5. Сепак ТФТ не успеа некако подобро да се наметне во овој период од играта. Широки како постојано да беше чекор пред ТФТ, па така првата четвртина тимот од БиХ го доби со 18:15. Нешто слично беше и во втората четвртина, но во самиот финиш ТФТ одигра одлично ја заврши со предност од 41:37. Треба да се каже дека Костоски со прекрасна тројка од далечина стави точка на втората четвртина. Во овој период од играта Костоски забележа 8 поени и беше најдобриот поединец во таборот на ТФТ.

Нашиот тим предноста ја имаше се до 5.минута од третата четвртина, кога Широки со тројка успеа да дојде до +1 или 46:45. Во тие моменти некако се зголемија грешките и промашувањата на ТФТ, единствено Бишоп беше на ниво, но и Широки не одигра којзнае како квалитетно, сепак дојде и до +3, па и +5, или 50:45. ТФТ едноставно не знаеше како да го сопре Литл, кој имаше свои моменти и затоа оваа третина Широки ја доби со 22:4. Катастрофална одбрана одигра ТФТ во овој период, во нападот пак кошот не можеше да го види, постигна само 4 поени.

Во последниот период ништо ново, Широки само ја зголемуваше предноста и на крајот забележа убедлива победа.

ПретходноМевљан Адили ќе игра за Билис Балш
СледноХаос во Евролигата: Кошаркар на Басконија падна на допинг-тест