Неколку играчи на Манчестер Сити се незадоволни од работата на Пеп Гвардиола и во потесни кругови веќе најавиле дека ќе си заминат на лето.
Станува збор за Илкај Гундоган, Кајл Вокер, Жоао Кансело, Бернардо Силва и Ајмерик Лапорте.
„Во Манчестер Сити се подготвуваат големи договори за заминување. Во соблекувалната владее нездрава атмосфера. Неодамна Гвардиола го продолжи договорот на уште две сезони, а во тимот има неколку играчи кои се незадоволни од него. Тоа се важни играчи. Станува збор за Жоао Кансело, кој сака да си замине на лето. И Кајл Вокер сака да си замине на лето. Гундоган исто така, Бернардо Силва исто така. А и Лапорте сака да си најде нов клуб на лето, бидејќи не е во најдобра позиција во тимот“, велат извори од редовите на „граѓаните“.
Кансело и Вокер немаат најдобар однос со Гвардиола од почетокот на сезоната и тоа е најважниот момент. На Гундоган му истекува договорот со Манчестер Сити и веќе две години се обидува да преговара за продолжување на договорот, а неодамна неговиот агент почнал разговори со Барселона.