Реал Мадрид славеше во кошаркарското „Ел Класико“

73

Екипата на Реал Мадрид ја совлада Барселона со 91:86 во интересен и неизвесен меч во рамките на Евролигата. „Кралевите“ го добија дуелот по продолжението откако во регуларниот дел извлекоа 73:73, а на минута пред крајот губеа со четири разлика.
Кај Реал најефикасен беше Дек со 23 поени, а по него Љуљ постигна 19 поени додека Муса 17 поени. Кај Барса се истакна Миротиќ со 17 поени, а чешките репрезентативци Весели и Саторански дадоа по 12.

Реал е лидер со скор 14-7, а Барселона е четврта со скор 13-8.

Во рамките на ова, 21.коло Валенсија славеше на гости кај Алба со 92:88. Ло од Алба броеше до 25, а кај победничкиот тим Харпер постигна 18 поени.

 

ПретходноАкадемија Пандев го „растури“ Раднички Ниш на втората контрола
СледноМилан се откажа од трката по Заниоло по понудата на Борнмут