Славниот англиски клуб гради нов стадион од 570 милиони евра, можно е да го отвори како второлигаш! (ВИДЕО)

1288

Евертон е еден од најславните клубови во Англија. Од 1954 година постојано игра во елитната лига во Англија, а сезонава му е катастрофачна и речиси е пред испаѓање. Сепак клубот од Ливерпул во моментов гради нов стадион кој ќе се вика „Евертон стадион“ со капацитет од 52.888 места. Истиот чини најмалку 570 милиони евра.

И време беше ако се знае дека “Гудисон парк“, сегашниот стадион на “карамелите“ е изграден уште во 1892 година, но во повеќе наврати е реконструиран и важи за најстариот стадион во Англија на кој се играат мечевите од ПЛ.

Објавено е дека на новиот стадион ќе може да се игра во сезоната 2024/25, а фановите стравуваат дека новиот стадион ќе биде отворен додека нивниот клуб ќе биде второлигаш.

ПретходноИ Осасуна во полуфиналето во Купот на Кралот! (ВИДЕО)
СледноДенвер немоќен без Јокиќ, Лилард-шоу со 60 поени и победа над Јута