Струга ТЛ си закажа пријателска и со Хелсингор!

123

Експедицијата на Струга ТЛ веќе три дена е во Анталија каде ја одработува главната фаза од тековните подготовки. Вчера есенскиот шампион во ПМФЛ беше поразен на првиот меч од серијалот пријателски и тоа со 1:2 од Локомотив Ташкент. Утре пак четата на стратегот Срѓан Захариевски ќе ги одмери силите со тимот на Кривбас од Украина.

Ново е тоа што стружани за 1 февруари, си закажаа пријателска и со Хелсингор, тим од Данска. Додека останатите контроли ќе се играат против Вејле (Данска) на 29 јануари, и Петрокуб (Молдавија) на 4 февруари.

Значи вкупно пет теста за фудбалерите на Струга ТЛ во Анталија.

ПретходноВулверхемптон потпиша нов голман
СледноНекои Бугари сакаат да играат со Македонците: Берое и Спартак Варна ги потврдија пријателските со “лавовите“!