Во рамките од 1/4 финалето на Кралскиот куп на Шпанија, вечерва од 21:00 часот ќе се сретнат големите гратски ривали, Реал и Атлетико од Мадрид. За антагонизмот и ривалството помеѓу овие два клуба не треба да се троѓат зборови се знае дека со со векви се на „нож“. Па така, во името на вечерашниот дуел, навивачите на Атлетико направија гест кој некој ќе го осуди, а некој пак ќе му се воодушеви, во зависност од тоа кој за кого навива.
Непосредно пред тренинг центарот на Реал, обесија кукла која што треба да го претставува Винициус Жуниор, еден од најдобрите фудбалери на „Кралевите“ во моментов, и над него е испишан транспарент, „Мадрид го мрази Реал“…
Vinicius dales una lección goleales hoy 😅 @vinijr @RodrygoGoes #HalaMadrid #CopaDelRey
pic.twitter.com/H7UCFrMu6M— Francisck (@FRANClSCK) January 26, 2023