Meрцедес Јенц го засили Шалке 04

276

Фудбалер со интересно име го засили „фенерџијата“ во Бундеслигата Шалке 04. Нов фудбалер на „сините“ од Гелзенкирхен е Мерцедес Јенц кој доаѓа од Селтик. Се работи за германски фудбалер кој ја градел кариерата во странство. На рани години ја напуштил Германија и почнал да тренира фудбал во Фулам.

Во 2020 година го напушта младинскиот тим на Фулам и потпишува за швајцарска Лозана па  по една сезона се сели во француски Лориен потпишувајќи петгодишен договор. Оваа сезона ја почна како позајмен во Селтик, па во вториот дел од сезоната ќе игра како позајмен во Шалке 04. Инаку по истекот на позајмицата тој може да потпише постојан договор доколку Шалке избори опстанок.

Така 1,90 метри високот германски дефанзивец се враќа во татковината по 8 години. Има 23 години неговото вистинско име е Мориц, меѓутоа секаде се претставува so прекарот Мерцедес Јенц.

 

ПретходноНема дуел Трајковски – Роналдо во финалето на Супер купот на С.Арабија
СледноАкадемија Пандев го „растури“ Раднички Ниш на втората контрола