Македонецот Стефан Ашковски попладнево имаше забележителна улога во победата на својот тим Ламиа, во меч од 1/4 финалето во Купот на Грција.
Македонскиот репрезентативец и неговиот тим славеше со 4:2 против Аполон во реваншот, па така со оглед на победата од 2:1 и во првиот меч, успеа да се пласира во полуфиналето.
Ашковски својот добар настап го круниса и со гол и тоа во 20.минута кога успеа да го израмни резултатот на 1:1. Македонецот беше стартер и беше на терен се до 82.минута кога беше заменет, откако беше јасно дека Ламиа оди понатаму во Купот на Грција.
Да кажеме дека голот на Ашковски денеска беше негов деби гол во дресот на Ламиа откако дојде во септември минатата година.